ФОТО НА ДЕНОТ: А сега – злато…

Македонските одбојкари уште еднаш ја израдуваа нацијата, овојпат со феноменалниот пресврт против Данска за победа од 3-2 и пласман во големото финале.

Задоволството кај репрезентативците беше очигледно, но и ним им е јасно дека нема многу време за славје бидејќи вистинскиот предизвик престои допрва – утрешното финале против Украина.

Само за потсетување, „црвено-жолтите“ и во претходните две години стигнуваа до финалето, каде беа поразени од Словенија и од Естонија, но сите во таборот на македонскиот национален тим се решени овојпат да одговорат на предизвикот и годинава конечно да се искачат на тронот на Европската лига. По седумте победи во досегашните седум средби, јасно е дека го заслужуваат тоа, но против Украина утре никако не смеат да си дозволат слаб почеток како вечерва со Данска.

Се вчитува...