ФОТО НА ДЕНОТ: Ајзеа Томас – животот е повеќе од кошарка…

Мислите на голем број спортисти ширум светот рано утрово беа со Ајзеа Томас, откако младата ѕвезда на Бостон селтикс стисна заби и настапи за својот тим на дуелот со Чикаго булс, помалку од 24 часа по погребот на неговата сестра која загина во сообраќајна несреќа.

Томас покажа неверојатен карактер, на теренот уште еднаш покажувајќи дека дури и кога му е најтешко е лидер на селтикси, но за жал животот е многу повеќе од кошарка, а болката на извонредниот плејмејкер за загубената сестра ќе остане уште долго, долго…

Се вчитува...