ФОТОГАЛЕРИЈА: Хуан Фелипе ја смири нервозата на Чеде Јаневски…

Кога Вардар го има Хуан Фелипе во своите редови, очигледно нема од што да стравува… Така беше и денеска во дербито од 10. коло против Шкендија.

И покрај тоа што „вардарци“ на полувремето имаа негатива од 0-1, а стратегот Чедомир Јаневски очигледно не можеше да ја сокрие нервозата и покрај аут линијата од изданието на своите избраници, во вториот дел се појави Хуан Фелипе… Па, со два гола овозможи пресврт на Вардар и на крајот победа од 4-2, иако за погодокот кој донесе комплетен пресврт за “вардарци“ и тоа како му помогна голманот на Шкендија, Костадин Захов кој неспретно реагираше…

Како и да е, на крајот Вардар ќе ги памети бодовите и секако Хуан Фелипе кој и тоа како ги радува „Комитите“! Само што уште еднаш сезонава ќе остане издвоена очајната посета на дуелите на Вардар. Ниту дербито не беше исклучок во обидот за привлекување навивачи на „Филип Втори“!

[new_royalslider id=”811″]

Се вчитува...