ФОТОГАЛЕРИЈА: „Маестро“ Ибраими, тапаните…, „тапанарите“ и изгубените „вардарци“!

Како никогаш досега полесно во историјата, Шкендија дојде до триумф против Вардар и пласман во полуфиналето од Купот на Македонија. Но, објективно само поради изгубеното вардарово раководство кое тотално губејќи го „компасот“ му го нанесе едно од најголемите посрамотувања на својот клуб во историјата!

„Вардарци“, со одлука на челниците од која без сомнение не може да се изземе и сопственикот Сергеј Самсоненко, одлучи да се поигра со големината, реномето и традицијата на најтрофејниот македонски клуб сведувајќи го со сите одлуки во последните пет дена на ранг на маалско клупче! Со таков епитет од управата денеска го испратија Вардар и во Тетово каде доживеа дебакл од 4-0!

А, тетовци максимално искористувајќи го сето тоа си обезбедија пласман во полуфиналето од Купот. Блескаше на теренот маестро Бесарт Ибраими кој уште еднаш покажа дека еден од најдобрите фудбалери во шампионатот, неговите колеги уште во текот на средбата на клупата со тапани си го славеа триумфот, колку за сеир на „тапанарите“ од раководството на Вардар и за казна на вардаровите фудбалери кои ете, „случајно“ – сакале или не се најдоа на терен и, во секој случај, чесно се бореа за црвено-црните бои!

 

 

 

 

Се вчитува...