ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија „гори“, Вардар во Европа гордо чекори….!

Вистинско задоволство на сите присутни на стадионот „Младост“ во Струмица им приредија вардаровите фудбалери со пласманот во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите и елиминацијата на шведскиот шампион Малме.

Избраниците на Гоце Седлоски демонстрираа вистинска храброст, карактер и квалитет па и по 0-1 од првото полувреме, со комплетен пресврт стигнаа до 3-1 за прекинување на серијата долга 13 години без минување во следното коло на европската сцена.

„Гореше“ стадионот „Младост“ во Струмица денеска како најава за тоа што го очекува Вардар сега во пресметките, најверојатно, со данскиот Копенхаген во третата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите…

[new_royalslider id=”717″]

Се вчитува...