ФОТОГАЛЕРИЈА: Одржан „Новогодишниот турнир“ на Академијата на Металург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/03/2017 11:08
Фудбал
22/03/2017 14:02
Фудбал
22/03/2017 13:04
Фудбал
22/03/2017 11:21

ФОТОГАЛЕРИЈА: Одржан „Новогодишниот турнир“ на Академијата на Металург

Ракометниот клуб Металург изминатиов викенд беше организатор на традиционалниот „Новогодишен турнир“ што трета година по ред е организација на актуелниот првак на Македонија. Турнирот се одржа во салата „Автокоманда“, а во него учествуваа 300 деца поделени во вкупно 31 екипа од Скопје и од Куманово.

Специјални гости на турнирот беа репрезентативците Филип Талески и Марко Нелоски, одвојувајќи дел од своето време за да бидат крај децата од Академијата, кои сонуваат да тргнат по нивните стапки и да почнат успешна професионална кариера.

Третиот новогодишен турнир на Металург беше уште еден доказ за популарноста на ракометниот спорт во нашата држава, покажувајќи дека овој спорт има светла иднина.

deca metalurg1

deca metalurg2

deca metalurg3

deca metalurg4

deca metalurg7

фото: rkmetalurg.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.