ФОТОГАЛЕРИЈА: Спектакл на ниво, Скопје домаќин за „чиста десетка“

Прекрасно беше вечерва да се биде дел од Суперкупот на Европа, најголемиот спортски настан одржан во нашата земја, настан со кој покажавме дека знаеме да организираме супермеч на највисоко ниво, задоволувајќи ги сите европски стандарди.

Во скопскиот спектакл уживаа челниците на ФИФА и на УЕФА, Инфантино и Чеферин, претседателите на двата клуба, легендите како Чарлтон, Фергусон, Бутрагењо, Мијатовиќ, Колина … Сите имаа можност да уживаат во спектаклот на теренот, во кој на крајот заслужено се радуваа „кралевите“ од Мадрид, доминирајќи во поголемиот дел од натпреварот.

Во финишот влезе и Роналдо, за „мерак“ на многубројните фанови на Реал кои имаа можност десетина минути во живо да го видат својот фудбалски идол. Атмосферата на трибините беше одлична, за целосна слика на овој фантастичен спортски настан со кој докажавме дека можеме да ги задоволиме и највисоките критериуми… Зошто да не во иднина и натпревар од едно Европско Првенство, доколку се продолжи со најавениот тренд за одржување на овие шампионати во бројни земји ширум „Стариот континент“.

[new_royalslider id=”732″]

Се вчитува...