ФОТОГАЛЕРИЈА: За разлика од газдата, „пандевци“ во криза!

Горан Пандев игра во одлична форма во новата 2018 година во дресот на италијанскиот прволигаш Џенова… Бележи голови во низа. Но, затоа пак неговите „пулени“ од Академија Пандев очигледно веќе се навлезени во длабока криза!

Академија Пандев денеска во Турново не успеа да стигне до победа против „фенерџијата“ Скопје играјќи натпревар без голови. „Пандевци“ немаат триумф во Првата македонска фудбалска лига од 16. ноември минатата година кога славеа на гостувањето против Пелистер со 3-4. Од тогаш шест едноподруго натпревар без триумф, со две ремија и четири порази…

Скопје, пак, замина во Турново да дојде до бод и составот на Љупчо Марковски успеа во тоа. Скопјани имаа можност за првпат на официјален натпревар да ги видат и најновите засилувања на тимот, офанзивецот Филип Петковски, голманот Стефановиќ, Французинот Бопесу, Кофи Досех од Того…

 

Се вчитува...