Франк де Бур пред промоција во Кристал Палас?

Холанѓанецот Франк де Бур е најсериозен кандидат за преземање на клупата на Кристал Палас. По разочарувачката епизода во Интер, поранешниот холандски репрезентативец е блиску до преселба во Премиер – лигата, откако веќе почнал разговори со лондонскиот клуб за да го наследи на менаџерската функција Сем Алардајс.

Детали не се објавени, но потврдено е дека разговорите меѓу двете страни се близу до финализација и се очекува наскоро Де Бур да стане нов менаџер на Кристал Палас.

Во својата тренерска кариера 47-годишниот Холанѓанец има четири шампионски титули во Холандија со тимот на Ајакс со кој се афирмираше како тренер. Поранешениот холандски репрезентативец му беше и помошник на селекторот Берт ван Марвијк кој ги предводеше Холанѓаните до финале на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка.

Се вчитува...