Франција поведе со 2-0, па загуби од Колумбија

Дидие Дешамп ќе мора да поработи на одбраната на Франција ако сака „триколорите“ да атакуваат на висок пласман на претстојниот мундијал. Европскиот вицепрвак вечерва одигра натпревар со две лица, на домашен терен со Колумбија, најпрвин поведувајќи со 2-0, за потоа да им дозволи на гостите да направат целосен пресврт и да слават со 2-3.

„Триколорите“ тргнаа моќно, па колумбискиот голман само по 26 минути игра два пати ја вадеше топката од мрежата, прецизни беа Жиру и Лемар. Гостите во игра ги врати Муриел, за потоа Радамел Фалкао кон средината на второто полувреме да израмни на 2-2. Квинтеро беше стрелец на победничкиот погодок од пенал, по несмасниот старт на Умтити.

Се вчитува...