Француска лекција за европскиот шампион – Монпелје го реши Кјелце

Во изедначен натпревар со многу пресврти, Монпелје го доби првиот осминафинален дуел против актуелниот европски шампион Кјелце со 33-28. Францускиот тим единствен во шесте шесте осминафинални дуели успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и обезбеди пет гола предност пред реваншот во Полска.

Монпелје  во првиот дел имаше водство од 8-5 и одржуваше предност во првите дваесетина минути од натпреварот. Агинагалде му донесе изнедачување на Кјелце на 11-11 на осум минути пред крај на првиот дел, а потоа полскиот тим ја презеде инцијативата и полувремето го заврши со предност од 14-16.

Офанзивата на актуелниот европски шампион продолжи и на стартот од вториот дел. Со погодокот на Лијевски, Кјелце во 37.минута имаше +4 (17-31). Но, Монпелје не се предаваше и успеа да се врати во игра и да ја анулира негативата на Кјелце. На стартот од последната четвртина резултатот беше изедначен (24-24) што донесе жестока борба и голема неизвесност во завршницата од натправарот.

Со серија од 4-0, францускиот тим поведе со 29-26. Никола Портнер беше сигурен на голот на Монпелје и го остави Кјелце осум минути без погодок, а домаќинот стигна до највисока предност од 30-26 на шест минути пред крај. Лошата серија на Кјелце конечно ја прекина Агинагалде. Но, Монпелје сигурно чекореше кон триум. Матие Гребиј ја презеде одговорноста во нападот и со два гола во серија му донесе водство на Монпелје од 32-27 на наполни три минути пред крај. Јуре Доленец стави точка на натпреварот постигнувајќи го 33.гол за Монпелје, а Кјелце во последниот напад успеа само да го ублажи поразот на конечните 33-28.

Доленец и Симонет со по осум гола беа најефикасни во составот на Монпелје, а кај Кјелце, прв стрелец беше Бјелецски шест гола.

Во последниот осминафинален дуел, Пик Сегед славеше победа во гости против Силкеборг со 24-26 со што дури четири од шесте дуели во осминафиналето завршија со гостински победи. Без победник заврши францускиот дуел меѓу Нант и ПСЖ, а само Монпелје успеа да победи на домашен терен.

Реваш натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат од 30 март до 2 април.

Осминафинале во ЛШ, резултати:

Кил – Рајн Некар Левен 24-25

Мешков Брест – Фленсбург 25-26

Силкеборг – Пик Сегед 24-26

ППД Загреб – Веспрем 22-23

Нант – ПСЖ 26-26

Монпелје – Кјелце 33-28

Се вчитува...