Французите ги обраа „лалињата“

Фудбалската репрезентација на Франција направи голем чекор напред кон освојувањето на првото место во групата А, во квалификациите за пласман на СП 2018 во Русија, откако ја совлада Холандија на домашен терен со убедливи 4-0.

Антоан Гризман го постигна првиот гол за „триколорите“ во 14.минута, а во вториот дел Томас Лемар со два погодоци ги урна сите надежи на „лалињата“ на овој меч. Во самата завршница Килијан Мбапе стави точка на убедливата победа.

France 4 – 0 Netherlands – All Goals… by taftadarka2016

Бугарија и Шведска одиграа многу интересен дуел, кој на крајот им припадна на домаќините, а убедливи триумфи славеа Португалија и Белгија.

Португалците со 5-1 беа подобри од Фарски Острови, во дуелот на кој Кристијано Роналдо постигна хет – трик. Белгијците броеја до девет (9-0) против Гибралтар.

Резултати – квалификации за СП

Група А: Бугарија – Шведска 3-2, Франција – Холандија 4-0, Луксембург – Белорусија 1-0.

Група Б: Унгарија – Летонија 3-1, Португалија – Фарски Острови 5-1.

Група Х: Белгија – Гибралтар 9-0, Кипар – БиХ 3-2, Грција – Естонија 0-0.

Се вчитува...