Французите и со играч помалку подобри од Англија

Франција ја совлада селекцијата на Англија со 3-2 во пријателски натпревар што вечерва се одигра на „Сент Дени“ во Париз. „Триколорите“ успеаја да победат, иако речиси цело второ полувреме го играа со играч помалку по исклучувањето на Рафаел Варан.

Кари Кејн ги доведе Англичаните во водство во деветтата минута, а израмни Умтити во 22.минута. Пред крајот на првиот дел, Сидибе донесе предност за Франција.

На стартот на вториот дел, беше досуден пенал за Англија, кој го реализираше Хари Кејн, а Варан заработи црвен картон. Сепак, и со играч помалку Франција стигна до триумфот со голот на Осман Дембеле во 78.минута.

Колумбија во пријателски меч го совлада Камерун со 4-0, додека Романија беше подобра од Чиле со 3-2.

Се вчитува...