Фрустрираниот Буфон: Преку глава ми е од Шпанците!

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, го дочека моментот кога Меси конечно смести топка во неговата мрежа, но на италијанскиот голман не му е јасно зошто се дава толкаво значење на тоа.

„Мислам дека е чудо што воопшто му требаа четири натпревари да ме совлада, со оглед на тоа дека Лео постигнува голови како од шега. Заборавате дека тој е посебен фудбалер, не зависи многу од мене дали ќе ми даде гол, или не“, истакна Буфон.

Потоа фрустрираниот Буфон посочи дека веќе му здодеа да им честита на шпанските фудбалери при секој нивни двобој.

„Не можам повеќе, секогаш исти лица, секогаш јас сум тој што честитам, преку глава ми е од Шпанците. Цело време… Иско, Пике, Рамос, Иниеста, секогаш на крајот морам да им честитам“, во свој стил додаде Буфон.

Италијанецот не е далеку од вистината, во последно време и Реал и Барса, па и Шпанија, редовно ја полнат неговата мрежа.

Во Кардиф прими четири гола од Реал Мадрид во финалето на ЛШ, со италијанската репрезентација беше поразен од „фуријата“ со резултат од 3-0, а сега Барселона се реваншираше со три гола зад неговиот грб за минатогодишната елиминација во нокаут фазата од ЛШ. Значи, 10 гола за три меча, па фрустрацијата на Буфон е оправдана.

Се вчитува...