Фудбалер на Вилјареал ќе „лежи“ во затвор, обвинет за киднапирање

На дефанзивецот на Вилјареал, Рубен Семедо му се заканува затворска казна откако е обвинет за киднапирање и малтретирање на едно лице.

Инцидентот се случил пред неколку месеци во Валенсија, во една од дискотеките во градот, португалскиот фудбалер на жртвата и се заканувал со пиштол при вербална расправија на двајцата, а потоа Семедо го удрил со стаклено шише по глава. Според изјавата на Португалецот, приказната заврши тука и тој беше ослободен од секакви обвиненија.

Но, во последниве неколку дена произлегуваат информации кои се повеќе наликуваат на вистинити, а според шпанските медиуми Семедо го киднапирал човекот и го однел во својот дом, каде потоа го претепал. Семедо потоа го украл клучот на жртвата, па со неговите пријатели влегол во неговиот дом и при тоа го ограбиле. Во меѓувреме лицето успеало да избега.

На испитувањето од полицијата човекот го препозна Семедо и еден од неговите пријатели, па така членот на „жолтата подморница“ заврши во притвор, и сега доколку се докаже дека го сторил овој злочин, му се заканува затворска казна.

Рубен Семедо е поранешен репрезентативец на Португалија до 21.година, националниот состав кој играше против нашата селекција во групната фаза на ЕП за млади во Полска минатата година, но не настапи против Македонија поради суспензија од жолти картони. Во редовите на Вилјареал пристигна пред почетокот на оваа сезона, од тимот на Спортинг Лисабон за сума од 14 милиони евра.

Се вчитува...