Фудбалерите на Арсенал бараат нов договор за Арсен Венгер

Фудбалерите на Арсенал посакуваат менаџерот Арсен Венгер да остане на клупата на овој тим најмалку уште една сезона, истакнува напаѓачот Оливие Жиру. Целиот тим побарал од раководството на клубот да ја разгледа опцијата за продолжување на соработката, потенцирајќи дека Венгер е човекот што најдобро ги знае нивните добри и лоши страни и умее од нив да го извлече максимумот.

„Сакаме Арсен Венгер да го продолжи договорот со Арсенал. Единствени сме по тоа прашање. Тој може од нас да го извлече максимумот, затоа што не познава подобро од било кој друг. Се надеваме дека на убав начин ќе ја завршиме сезоната, можеби со освоен трофеј во ФА купот и со место кое води во Лигата на шампионите“, изјави Оливие Жиру.

Арсенал има четири порази во последните пет натпревари, и се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер – лигата, со седум бода заостанување зад третопласираниот Манчестер сити, но и еден меч помалку.

Се вчитува...