Фудбалерките до 17 години поразени од БиХ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/05/2017 20:09
Фудбал
23/05/2017 17:45
Кошарка
23/05/2017 17:06
Фудбал
23/05/2017 14:20

Фудбалерките до 17 години поразени од БиХ

Фудбалерките до 17 години поразени од БиХ

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години го загуби и третиот натпревар од квалификациската група 11. Младите фудбалерки загубија од селекцијата на БиХ со 0-4 и завршија на последното место на табелата, без освоен бод и гол – разлика 0-15.

Босанките беа подобар ривал и остварија убедливо водство од 0-3 уште по првото полувреме. Резултатот го отвори Гавриќ во 12.минута, а две минути подоцна погодок постигна и Хрелја. Третиот гол беше дело на Хамзиќ.

Во второто полувреме, селекцијата на БиХ постигна уште еден гол за конечни 0-4, а стрелец беше Гачаница.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.