Фудбалерот што и донесе титула на Германија има тешка болест

Германскиот фудбалер, Марио Геце, има сериозно заболување на мускулите поради кое не смее да тренира, ниту пак физички да се оптоварува, соопштија од неговиот клуб. Докторите на Борусија Дортмунд првично објавија дека Геце (24) има проблем со метаболизмот и поради тоа често е повреден. Но, деталните прегледи потврдија дека се работи за многу посериозен проблем.

По дополнителните лекарски прегледи на младиот германски фудбалер му е дијагностицирана миопатија, ретка болест што предизвикува дегенерација на мускулното ткиво. И тоа била вистинската причина за сите негови повреди и проблеми во кариерата. Токму поради болеста Марио Геце имаше дури 11 различни повреди на мускулите во последните шест години и секогаш за опоравување му требаше многу повеќе време од вообичаеното.

„Се уште не знаеме колку болеста напредувала и дали ќе може да се лекува. Мора да направиме уште неколку детални прегледи, но Марио дефинитивно не смее да тренира, ниту пак да биде под било какво физичко оптоварување“ – стои во соопштението од клубот.

Марио Геце беше стрелец на победничкиот гол за Германија на СП во 2014 година и иако е се уште многу млад, тешката болест сериозно ја загрозува неговата фудбалска кариера.

Се вчитува...