Фудбалот во Италија продолжи, а споменот за Астори секогаш ќе остане (ФОТО)

Фудбалот во Италија повторно се игра, а првиот меч од 28.коло во Серија А вечерва го играат Рома и Торино. Пред почетокот на натпреварот, актерите на теренот, како и фановите на трибините му оддадоа последна почит на трагично починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Во текот на натпреварот, на големиот дисплеј на „Олимпико“ се појавија спомен-фотографии од Астори и во дресот на Рома. Тој беше член на „волчицата“ во сезоната 2014/15, пред да замине во редовите на Фиорентина.

Се вчитува...