Фуриозниот Федерер на две победи до врвот од АТП-листата

Роџер Федерер во голем стил го почна својот настап на турнирот во Ротердам, каде на Швајцарецот му е доволен пласман во полуфиналето за да го мине Рафаел Надал и да се искачи на врвот на АТП-листата.

Големиот ас за ривал денеска го имаше Рубен Бемелманс, на теренот минувајќи само 46 минути за победа од лесни 6-1, 6-2. Задачата барем на хартија му е дополнително олеснета бидејќи најсериозниот потенцијален ривал за четвртфиналето, сонародникот Станислас Вавринка, неочекувано загуби од квалификантот Талон Грикспор од Холандија со 1-2 во сетови.

Федерер за противник во следната рунда ќе го има Филип Колшрајбер од Германија, а во случај на победа пoтоа клучниот меч за враќање на врвот на АТП-листата би го играл против победникот од дуелот Хасе – Грикспор.

Се вчитува...