Футсал: Чехот Решетар не „изрешета“ за крај на надежите за ЕП

Македонската футсал репрезентација не успеа да се избори за бараж за пласман на Европското првенство 2018 во Словенија, откако и во вториот натпревар од квалификациската група која се игра во Казахстан, загубивме убедливи овој пат од Чешка со 3-7 (1-2).

По вчерашниот пораз (3-0) од домаќинот Казахстан, избраниците на Иван Божовиќ со ова ги загубија сите надежи за второто место во групата кое носи до баражот за ЕП.

Квалитетно го почнавме мечот поведувајќи уште во 3. минута со голот на натурализираниот Бразилец, Де Соуза. Но, потоа се беше на страната на расположените Чеси. Посебно не изрешета најдобриот чешкиот капитен Лукаш Решетар со четири погодоци во 20. минута, 22., 31. и во 37. минута, а останатите три гола за Чешка ги постигнаа Заруба во два наврати и Куделка.

Вториот гол за Македонија го постигна Драган Петровиќ во 32. минута од натпреварот, а колку за поублажен пораз се погрижи Де Соуза во последната минута со гол од пенал, за конечни 3-7.

За Македонија, во оваа квалификациска група, сега останува уште дуелот со Данска која вчера загуби од Чешка со 5-4.

Се вчитува...