Футсал: Македонија го чека последниот противник за евроквалификациите

Македонската футсал репрезентација на почетокот на април ќе земе учество во квалификациите за континенталното првенство што идната година од 30. јануари до 11 февруари ќе се одигра во Словенија. На ждребот во Нион, одржан минатата година кон крајот на октомври. Македонија беше сместена во шестата група заедно со Чешка и Казахстан. Последниот противник македонската футсал селекција ќе го добие од победникот од прелиминарната група Е во која се наоѓаат дебитантот Косово, Норвешка, Данска и Кипар.

Првопласираните селекции од седумте екипи ќе и се приклучат на Словенија, која доби место како организатор, а преостанатите четири места ќе ги пополнат второрангираните тимови кои ќе одиграат бараж со најдобрата третопласирана селекција.

Македонија сака да го избегне баражот и за тоа се потребни две победи, односно четири бода. Селекторот Иван Божовиќ се надева дека ќе ги освои против домаќинот на групата (Казахстан) и Чешка, велејќи дека сè уште е рано да се размислува за третиот противник.

„Денес почнува последната група во претквалификациите која ќе ја даде четвртата екипа за нашата група во квалификациите. Според мене сите екипи имаат шанса да поминат во главната група. Ние сакаме и планираме да земеме најмалку четири бода во натпреварите со Казахстан и Чешка, а за екипите од претквалификациите не размислуваме во правец дека може да имаме проблем. За мене не е важно кој ќе ни биде противник. Ќе почекаме да се одигра целата група и подобро ќе се запознаеме со репрезентацијата која ќе ни биде противник“ – вели Божовиќ.

Распоред, прелиминарна група Е:30. јануариНорвешка – Косово, 15ч.Кипар – Данска, 17.30ч.31. јануариДанска – Норвешка 15ч.Кипар – Косово 17.30ч.2. февруариКосово – Данска 15ч.Норвешка – Кипар 17.30ч.

Се вчитува...