Футсал: Пораз од Казахстан во првиот меч од квалификациите за ЕП

Македонската футсал репрезентација загуби со 3-0 (2-0) од домаќинот Казахстан во првиот натпревар од квалификациската група Ф за пласман на ЕП.

Поразот на избраниците на Иван Божовиќ следеше по двата примени погодоци во првото полувреме. Македонија имаше шанси и за погодок во првиот дел кои не ги искористија Леовски, Крстевски и Соуза, додека Петровски на голот во неколку наврати извонредно интервенираше, но сепак Казахстанците успеаја да погодат со шут од далечина во 13. минута преку Жарманкулов. Истиот играч во 19. минута по една брза акција на домашните уште еднаш погоди за 2-0.

mkd-kazahstan

Во второто полувреме Казахстанците само рутински ја одржуваа предност, истата и зголемувајќи ја со погодокот на Акбаликов во 33. минута, за конечни 3-0.

sala kazahstan

Во квалификациската група која се игра во Казахстан, во првиот денешен натпревар Чешка славеше против Данска со 5-4. Македонија утре од 11:30 часот во второто коло игра против селекцијата на Чешка.

Се вчитува...