Габер: Со Македонија секогаш има „фајт“

mec baner

Словенија по две одиграни кола има исто толку победи, па со максимален ефект ќе влезе во понеделничката пресметка против Македонија. Битката со Исланд беше тешка и исцрпувачка, но Словенците дојдоа до цел плен пред се благодарение на извонредната одбрана, пред се во првото полувреме, а потоа и во завршните пет минути од натпреварот.

Одбраната секогаш ни дава сила и самодоверба, го покажавме тоа и на денешниот меч со Исланд. Не беше лесно, но дојдовме до четири бода по првите две кола, нешто што го зацртавме како план пред почетокот на шампионатот“ – изјави пивотот Матеј Габер.

Следен предизвик за Словенците е пресметката против Македонија, дуел за кој Габер смета дека неговата селекција ќе биде максимално подготвена.

„За разлика од претходните дуели сега и двете селекции се значително подмладени, но тоа не е премногу важно – кога и да играме со Македонија има „фајт“, тоа дава шарм на тие наши дуели. Досега размислувавме за Исланд, но верувам дека подготвени ќе влеземе во овој дуел, гледавме дека Македонија игра „седум на шест“, но очекувам да најдеме одговор и за оваа тактика. Сакаме да стигнеме што подалеку на ова првенство, а мечот со Македонија е многу значаен за нас за да стигнеме до едно од првите две места во групите, за потоа да имаме полесен пат до четвртфиналето“ – истакна Габер.

Се вчитува...