Гачевски: Сакаме нов триумф против Шкендија

Вардар утре повторно гостува во Тетово на нов првенствен дуел со Шкендија. Сега трката за титулата не е така неизвесна, со оглед дека шампионот создаде убедлива предност пред главниот ривал, но тоа не значи дека „вардарци“ не посакуваат уште еден триумф против најголемиот противник, и тоа среде Тетово. Голманот Филип Гачевски најавува дека Вардар е максимално мотивиран и за овој нов дуел.

„Имаме добра предност на првото место на табелата, меѓутоа не не интересираат никакви калкулации ниту математики, туку како и на секој натпревар ќе одиме на победа и на ова дерби против Шкендија. Сакаме да продолжиме со нашата серија на победи и утре во Тетово. Јас и моите соиграчи сме подготвени да дадеме максимум и да ги освоиме трите бода со што Вардар ќе се зацврсти на врвот на табелата. Можам да ветам дека до крајот на првенството на секој натпревар ќе атакуваме на победа за да имаме што повеќе бодови. Среќни сме што сме во победничка серија и сакаме таа да трае што е можно подолго“, вели голманот на Вардар кој сезонава не прими ниту еден гол на гостувањата во Тетово.

Се вчитува...