Гафури експресно заврши со Фљамуртари, се враќа во Ренова

И покрај тоа што на почетокот од овој месец потпиша договор со Фљамуртари, најавен како големо засилување, Арџент Гафури ескпресно заврши со албанскиот прволигаш уште пред да започне.

Гафури носен од желбата да се врати во Тетово кај своето семејство, како што дознаваме, се одлучил на прекин со соработката со Фљамуртари пред стартот на сезоната.

Според нашите информации, 27-годишниот Арџент Гафури повторно се очекува да се врати во Ренова од каде во овој зимски рок се обиде да се пресели во албанскиот шампионат.

Се вчитува...