Галатасарај е редовен пациент на Црвена звезда

Црвена звезда по двата порази во низа им се врати на победите во Евролигата, успевајќи да слави во пресметката со Галатасарај со убедливи 77-58. Турскиот гигант прераснува во „пациент“ за шампионот на АБА-лигата, откако „црвено-белите“ по двете победи среде Истанбул, сега лесно го декласираа Галата и на домашен терен во Белград.

Гостите од Истанбул одолеваа на налетите на избраниците на Радоњиќ само во првата четвртина, што Црвена звезда ја доби со 20-17. Во вторите десет минути можеше да се проследи апсолутна доминација на домашните кошаркари, кои го добија овој период со преубедливи 28-12, па веќе по првото полувреме си ја осигураа победата.

Најефикасни кај „црвено-белите“ беа Лазиќ со 17 и Кузмиќ со 16 поени, додека Марко Симоновиќ учествуваше со 12 поени во оваа победа на шампионот на АБА-лигата. За очајното издание на Галата најдобра потврда е фактот дека двоцифрен ефект имаше само еден играч, Владимир Мицов, кој постигна 11 поени.

Се вчитува...