Галинари одново во „болницата“ на Клиперс

Летното засилување на  ЛА клиперс, Данило Галинари, одново мора да отсуствува од кошаркарските терени откако вчера го пропушти мечот против Торонто репторс. Иако се очекуваше Галинари да заигра на средбата, пред самиот почеток на мечот италијанскиот репрезентативец почувствувал болка во грбот која била предизвикана од падот на натпреварот со Вашингтон визардс два дена порано.

Крилниот центар пропушти 13 натпревари откако дебитираше во дресот на франшизата од Лос Анџелес, заигра минатата среда против Минесота, но според потврдата од неговиот тренер ќе биде кон комбинација уште минимум три средби.

„Галинари не ќе може да помогне на тимот во наредните неколку натпревари. Очигледно неговиот пад бил лош, искрено не го забележав, но по мечот добив повик од медицинскиот тим за да ми ги пренесат вестите. Се надевам ќе се врати целосно здрав и подготвен да помогне на тимот“, истакна Док Риверс.

До вчерашната средба со тимот на Торонто, „клиперси“ беа без Милош Теодосиќ цели 22 натпревари, веќе неколку средби се без главниот играч Блејк Грифин кој се опоравува од повреда на коленото, додека Патрик Беверли нема да заигра до крајот на сезоната поради операција на коленото на десната нога.

Се вчитува...