Гарсија: Ова беше вистинско лудило

Плејмејкерот на МЗТ Скопје, Ерик Гарсија вечерва имаше одличен деби настап во дресот на „аеродромци“. Иако во последните моменти направи неколку непотребни грешки, севкупно остави позитивен впечаток. Беше клучна фигура во победата над Партизан во „Јане Сандански“, па Американеот смета дека доколку МЗТ продолжи да игра во ваков ритам, тимот ќе има успешна сезона.

„Беше прекрасно, вистинско лудило од натпревар. Во тимот се чувствуваше многу енергија. Многу ја посакувавме оваа победа, игравме одлично. Доколку продолжиме во ваков ритам, да играме со волку желба, ќе имаме многу успешна сезона. Ова беше мојот прв меч надвор од НЦАА лигата. Беше тешко, направив неколку грешки на крајот кои можеби не требаше да се случат, па ќе ми треба малку време да се навикнам на публиката, начинот на кој се игра овој спорт тука“, истакна Гарсија.

Се вчитува...