Гатузо брутално искрен: Поради Пирло сакав да ја сменам професијата

Андреа Пирло по објавата за завршувањето на кариерата добива комплименти од сите страни, но најконкретен и најискрен вообичаено е Џенаро Гатузо, фудбалерот кој имаше можност да игра крај Пирло и во дресот на Милан и во италијанската репрезентација.

Тој за италијанското „Радио 24“ даде кратка изјава за величината на Пирло, не криејќи го воодушевувањето од својот поранешен соиграч.

Кога дојдов и кога го видов Пирло како игра, прво што помислив е дека можеби треба да си ја променам професијата биддејќи никогаш нема да можам да бидам како него. Никој не може да говори за Пирло повеќе од мене, трениравме заедно уште од 15-годишна возраст и потоа долго време игравме еден крај друг. Тој беше „ѕвер“, имаше буквално се што треба да има еден врвен фудбалер, затоа и играше до 38-годишна возраст. Не зборуваме само за головите и асистенциите, туку за целокупниот придонес за екипата и за соиграчите, можам да кажам дека премногу ми помогна во мојата кариера“ – изјави Гатузо.

Тој воедно откри и дека Пирло бил еден од најзабавните соиграчи крај кои настапувал во кариерата.

Беше неверојатен, секогаш знаеше да се шегува со остатокот од тимот. Можам да кажам дека го удирав повеќе отколку што тоа го правеше Бад Спенсер со Теренс Хил“ – коментира Џенаро Гатузо.

Се вчитува...