Гатузо го избриша Калиниќ од тимот на Милан

Никола Калиниќ нема да се најде ниту на клупата за резерви на Милан на денешниот натпревар против Киево. Причина не е повреда, туку одлуката на тренерот Џенаро Гатузо да го казни хрватскиот голгетер за недоволно залагање на тренинзите во последниот период.

Поранешниот ас на Фиорентина игра се помалку по доаѓањето на Гатузо за тренер, губејќи го своето место од младиот Кутроне, а сега и од Андре Силва. Гатузо бара „борци“ на теренот на секој дел од тимот, а Калиниќ очигледно не се вклопува во неговите тактички замисли.

По ваквиот развој на настаните, се поизвесно е дека Хрватот на крајот од сезонава ќе си замине и најверојатно ќе се пресели во Кина, каде одби неколку понуди минатото лето, избирајќи го Милан за своја следна дестинација.

Се вчитува...