Гатузо: Мило ми е за Силва, не е лесно да си „деветка“ на Милан

Џенаро Гатузо имаше само пофални зборови за Андре Силва откако португалскиот ас го постигна голот за победа на гостувањето против Џенова. Милан со погодокот во 94. минута ја продолжи серијата добри резултати во Калчо-лигата, останувајќи во трката за место кое води во ЛШ за следната сезона.

„И претходно реков дека Андре напорно работи и се што му е потребно е еден гол за да се тргне притисокот од неговите плеќи. Денеска погоди кога беше најважно за нас, мило ми е за него, бидејќи не е лесно да си „деветка“ во овој свет дрес на Милан, особено кога ќе дојдеш толку млад како Силва. Сакав да видам како ќе реагира тимот по оној пораз од Арсенал и задоволен сум, игравме добар меч, го диктиравме темпото, па на крајот и стигнавме до победата против силниот тим на Џенова кој ни создаде многу проблеми“ – изјави Гатузо по натпреварот.

Милан со оваа победа има 47 бода, шест помалку (но и меч помалку) во однос на Лацио на четвртото место на табелата.

Се вчитува...