Гелзенкирхен е ’македонски град’

Ако на „Тумба“ во Солун не беа дозволени, тогаш во Гелзенкирхен ги има многу, и тоа развиорени од срце. Голем број македонски знамиња се најдоа на трибината на „УГЕ“, најверните навивачи на германскиот бундеслигаш Шалке 04 на денешниот меч од Лигата на Европа против грчкиот тим ПАОК.

Фановите на Шалке се збратимени со „Комитите“, навивачката група на Вардар, и уште еднаш покажаа дека со гордост ги вејат македонските знамиња на својот „коп“. Овојпат и за инает на Грците…!

Се вчитува...