General Tire лансираше два вида нови пневматици за сите терени, за коловозно и теренско возење

 – Grabber X3 пневматиците овозможуваат силна потпора и стабилни перформанси дури и при тешки коловозни услови
 – Grabber AT3 пневматиците овозможуваат високи перформанси при теренско возење како и  безбедна потпора на патот

Хановер, Германија, март 2017 година. General Tire – американската компанија за производство на пневматици со богата традиција е основана во 1915 година.  Компанијата ги влече своите корени од Акрон, Охајо, каде што Вилијам Ф. О’Нил и неговиот партнер Винфред Д. Фус ја добиле идејата за производство на пневматици со супериорен квалитет. Во тоа време, постоеле повеќе од 300 компании кои изработувале пневматици во САД, но за разлика од нивните конкуренти, на двајцата партнери уште од самиот почеток најважен им бил високиот квалитет и биле први кои се фокусирале на пазарот со камиони. На тој пазар тие за прв пат ги презентирале нивните големи пневматски гуми наречени General Jumbo. Во тоа време, за камионите се употребувале пневматици од цврста гумa па затоа пневматските гуми станале иновација која многу брзо влегла во употреба. На партнерите помош во етаблирање на брендот им понудил национален тим од лојални, компетентни и независни дилери. Иновациите на General Tire ги донеле и до пазарот со автомобили. Во средината на 1920-тите години, компанијата ги презентирала General Balloon Jumbo пневматиците за автомобили. На ваквите пневматици им бил потребен многу помал воздушен притисок и затоа возењето со нив било многу поудобно од она со конвенционални пневматици. Компанијата General Tire набрзо ја проширила својата палета која ги вклучувала пневматиците отпорни на пункција со голема километража – Dual Balloon.

Во 1987, одборот на директори на GenCorp се одбранил од обид за непријателско преземање на приматот на пазарот, лансирајќи масовна програма за реструктурирање и рефокусирање на Групата кон својата основна дејност, која сега значела воздухопловна индустрија и индустриски добра. Германскиот производител на пневматици Continental ги преземал операциите со пневматици од GenCorp на 30 октомври 1987 година, како дел од нивната амбициозна програма за експанзија. Во 1995 година, компанијата го променила своето име во Continental General Tire, Inc. пред да биде преименувана во Continental Tire North America, Inc. во мај 2000 година. Под името General Tire, компанијата продолжила да произведува широка палета на пневматици за патнички автомобили и камиони. Со текот на времето, брендот се здобил со светска репутација како еден од најиновативните производители на 4×4 пневматици, со широк спектар на летни и зимски гуми за употреба на коловоз.

Брендот за производство на пневматици General Tire ја продолжува својата производна офанзива со претставувањето на двата нови видови SUV пневматици за коловозно и теренско возење. Новите пневматици Grabber X3 за возење на тежок терен и новите пневматици Grabber AT3  за коловозно и теренско возење се додадени во портфолиото на брендот. И двата модели имаат робусни карактеристики и голема зафатнина што ги прави повеќе од погодни за нивната намена. Инженерите за развој во компанијата General Tire на пневматиците Grabber X3 им дадоа сооднос помеѓу коловозно и теренско возење од 20/80 проценти, додека на пневматиците Grabber AT3 соодносот е 50/50. Со овие два нови вида пневматици, General Tire – брендот со богата традиција и американско наследство, нуди нови решенија во своето поле на експертиза  – сенаменски пневматици за ентузијасти за теренско возење, како и за професионалци во сферата на градежништвото, земјоделството и шумарството кои очекуваат максимална мобилност дури и при најтешки услови на патот. Grabber X3 пневматиците ќе бидат достапни во 19 димензии за бандажи од 15 до 19 инчи, додека новите Grabber AT3 пневматици ќе бидат достапни во 64 големини за бандажи од 15 до 20 инчи.

Новите пневматици Grabber X3

General Tire Grabber_X3

Со новите пневматици Grabber X3, американскиот бренд за производство на пневматици има развиено SUV / модел за секакви терени за коловозно и теренско возење. Сепак акцентот е јасно ставен на теренското возење со сооднос од 80/20. Инженерите за развој при General Tire развија три нови технологии во желбата да ја исполнат специфичната побарувачка на пазарот: “Extreme Mud (X Mud)” за максимална тракција при длабока кал, “Extreme Dirt (X Dirt)” за возење на прашина и песок, и “Extreme Rock (X Rock)” за справување со карпест терен. Сите три се потпираат на шара со длабоки бразди, канали за истекување на калта и скалести рабови. Специфичниот дизајн е она што ги прави овие пневматици да имаат високо ниво на контрола врз песок, кал и прав. Заоблените скалести рабови, пошироките бразди и потесните жлебови на шарите помагаат да се отфрлат камчињата побргу доколку се патува на песок, да се спречи нивното заглавување во браздите и можноста тие да ја дупнат или засечат гумата.

Кога се вози на карпест терен, цврстите рабови наместени под различни агли во робусната шара овозможуваат максимална контрола во секоја насока. Парот свиткани ребра од страните на пневматикот служат за заштита на страните од оштетувања од камења и песок, и со самото тоа се обезбедуваат супер – перформанси дури и при тешки терени. Во однос на изградбата, инженерите за развој при General Tire се одлучија за структура од три слоја која обезбедува дополнителна јачина и отпорност на пункција. Во споредба со неговиот претходник, ефикасноста на овој пневматик на песок и чакал е подобрена за 5 проценти, додека ефикасноста на перформансите на карпест терен е подобрена за десет проценти. Во услови на коловозна употреба новите Grabber X3 се за неколку процентни поени подобри од својот претходник во однос на ефикасност при влажна подлога и бучава, додека на снежна подлога овој пневматик за сите сезони и теренско возење, покажува подобрување од десет проценти. Grabber X3 е во фаза на процесирање и е веќе достапна во многу големини со кои располагаат дилерите на гуми и General Tire, кои ќе произведат 19 различни големини за 15 до 19-инчни бандажи. Сите големини на овој теренски специјалист се одобрени за брзини до 160 км / ч.

Новите пневматици AT3

General Tire Grabber_AT3

За новите пневматици Grabber AT3 инженерите при General Tire истотака развија не помалку од три нови технологии кои ги изразуваат нивните најнови достигнувања за силна потпора при коловозно и теренско возење, подобрени акустични перформанси и висока километража. “TracGen” технологијата, на пример, вклучува отворен дизајн на рамото, влечни гребени кои програмерите ги нарекуваат “влечни џебови”, и каналчиња наредени во различни агли. Оваа комбинација на карактеристики на дизајнот го зголемува својството за само-чистење на шарите, овозможува сигурност на несигурни површини и обезбедува голем број на рабови да бидат сигурни во секоја насока. Втората технологија од таканаречената торба со трикови на инженерите се нарекува “DuraGen” и е задолжена да ја зголеми километражата на тежок терен и под силна торзија – на пр. кога страничната носивост оптеретува само еден дел од шарата на пневматикот. Ова значеше развој на ново соединение на гума, кое обезбедува одличен чип и намалување на отпорот. Покрај тоа, камените браници ја заштитуваат базата на шарите, осигурувајќи се дека нема да се заглават камчиња во шарата кои можат да ги оштетат гумите. Исклучително силните челични појаси му помагаат на пневматикот да овозможи поголема километража. Третата технологија, позната како “ComfortBalance” го покажува успехот на инженерите во надминување на конфликтот на интереси при комфорно возењето на асфалт и добар теренски зафат. Избалансираната блок геометрија на шарите со ниско ниво на јачина и специјално модифицирани шеми на подреденост на блоковите во центарот на шарата, ги намалуваат вибрациите на гумата што придонесува до покомотно возење на коловозот при тоа оставајќи еднаква трага на патот. На мокар и сув асфалт, перформансите на новите пневматици Grabber AT3 се исти како и на неговиот претходник, додека тракцијата на снег е значително подобрена. За употреба при теренско возење, перформансите на кал и влажна трева се подобрени и сега овој пневматик покажува поголем отпор при оштетување на шарата од неговиот претходник. General Tire произведува 44 метрички димензии за бандажи од 15 до 20 инчи, со дополнителни 20 LT и C големини кои се најавени во текот на 2017 година Овие гуми се одобрени за брзини до 240 км / ч. Како гума за секоја сезона Grabber AT3 носи M + S знак и симбол на снегулка како доказ за нејзините одлични перформанси на патишта покриени со снег.

Комерцијален текст 

Се вчитува...