Георгина му роди ќерка на Роналдо

Најдобриот светски фудбалер според ФИФА, Кристијано Роналдо, доби ќерка. Неговата девојка Георгина Родригез денеска му ја роди ќерката Алана Мартина. Роналдо заедно со својот највозразен син, Роналдо јуниор, се пофали со фотографија, во друштво со Георгина и новороденото бебе.

Шшанските медиуми информираат дека Георгина се породила во приватна клиника во Мадрид, и тоа девет дена пред планираниот термин за породување.

Роналдо покрај највозрасниот син Роналдо јуниор, и новородената ќерка Алана Мартина, има уште два сина од сурогат мајка.

Се вчитува...