Германска донација за фудбалска академија „Форца”

Фудбалската академија „Форца“ доби донација од Германската амбасада во Скопје. Ралф Брантс, соработник на германската амбасада и одговорно лице за фудбалскиот тим на амбасадата, предаде 20 фудбалски топки на младите фудбалери и на нивните тренери.

Фудбалската академија „Форца“ е една од школите за обука на талентиран фудбалски подмладок и тесно соработува со актуелниот фудбалски првак ФК Вардар.

Во школата тренираат и неколку девојчиња, а две од нив успеаја да стигнат и до македонската женска национална репрезентација. Во неа работат како тренери поранешни професионалци на ФК Вардар, под раководната палка на Јовче Џипунов.

Германското министерство за надворешни работи го унапредува спортот на меѓународно ниво преку разновидни спортски проекти и донации на опрема, за да ги мобилизира луѓето и да ги поврзе на социјален и економски план.

forca skola 2

Се вчитува...