Германски Рајман, шампион на „Скопје ајс фестивал“

Хокеарскиот клуб Рајман од Германија е освојувач на 6. Традиционален Скопје ајс фестивал. Тие во финалниот меч го совладаа домашниот Металург со 7:2. Третото место на турнирот го освои екипата Торпедо од Букурешт.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Дмитриј Прокудин од Металург.

Хокеарскиот турнир, во чест на ослободувањето на Скопје се одигра викендов на ВИП Арената при СЦ Борис Трајковски, во организација на Хокејарската федерација на Македонија, помогнато од Агенцијата за млади и спорт на РМ, Тотал ТВ и Водовод – Скопје.

Се вчитува...