Германците ја уриваат картинг-патеката на Шумахер

Славната картинг-патека на Михаел Шумахер во германскиот град Керпен ќе биде затворена и претворена во рудник за јаглен. Местото кое се наоѓа на 30 километри од Келн до почетокот на 2020 година биде пренаменето во ископини за јаглен за поттребите на германската компанија РВЕ. Тоа дефинитивно ќе значи уништување на шампионската патека на која картинг возеше и четирикратниот светски шампион во Ф1, Себастиан Фетел.

Нова картинг патека ќе нема. Побаравме од компанијата да почнат со работа на друго место, но од тоа нема ништо. Срамно е тоа што ќе се случи. На оваа патека многу млади возачи ја почнаа својата кариера“ – изјави братот на Михаел, Ралф Шумахер.

Михаел Шумахер поседува две третини од местото на кое е изградена патеката, а останатиот дел е во сопственост на државата.

Се вчитува...