Германците најдобри и на Купот на Конфедерациите

Светскиот првак Германија го освои Купот на Конфедерациите што се одржа во Русија, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Чиле со 1-0. Иако селекторот Јоаким Лев на ова натпреварување донесе еден подмладен, комбиниран тим, „панцирите“ покажаа дека во моментов се најквалитетна репрезентација, дури и кога не се со најсилниот состав. Ако се знае дека Германија е победник и на ЕП за фудбалери до 21 година, тогаш јасно е дека е суверен владетел во фудбалскиот свет.

Lars Stindl Goal HD – Chile 0-1 Germany 02.07.2017 by denysenathanЛарс Штиндл беше стрелец на победничкиот гол за Германија во 20.минута од финалниот дуел. Одбраната на Чиле направи кардинална грешка, Тимо Вернер ја одзема топката, излезе сам пред Клаудио Браво, проигрувајќи го Штиндл, кој требаше само да ја внесе топката во празната мрежа.

Горецка имаше уште две одлични шанси да го зголеми водството на Германците, но не беше прецизен, а Чиле притисна во финишот и имаше можности за израмнување преку Алексис Санчез и Артуро Видал.

Санчез се обиде од слободен удар во последните мигови од мечот, но Тер Штеген не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Се вчитува...