Германците провоцираат – Лемке е кошмар за Лазаров

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Германците за денешниот дуел со Македонија го вратија во составот двометрашот Фин Лемке и веднаш се обидоа да го испровоцираат  македонскиот капитен, Кирил Лазаров.

Дефанзивецот на Мелсунген, Фин Лемке, доцна синоќа од Канарските Острови долета во Загреб со главна задача да го сопре  Лазаров на денешниот дуел против Македонија во последното коло од групната фаза на ЕП во Хрватска.

Германскиот двометраш пред почетокот на ЕП беше отпишан од селекторот Кристијан Прокоп, и замина на подготовки со својот клуб во Фуертенвентура. Но, по „црниот бод“ против Словенија, Прокоп ја сменил одлуката и како што објавија германските медиуми, на полноќ му се јавил на Лемке да се пакува и да доаѓа во Загреб за да го замени неискусниот Бастијан Рошек.

Сакам во одбраната да додадам физичка сила. Целта е да ја победиме Македонија, ништо друго“ – изјави Прокоп.

Враќањето на 2.10 метри високиот дефанзивец на свој начин го порокоментираа и дел од германските репрезентативци. А, најпровокативна е изјавата на Домин Клајн, соиграчот на Кире Лазаров во Нант.

На Кирил Лазаров сигурно веќе му се потат рацете пред дуелот . Тој не може да се справи со Фин Лемке, тој е играч што не му се допаѓа многу“ – прокоментира Доминик Клајн.

Се вчитува...