Германците се спасија против Франција, без голови на Англија – Бразил

Германија со многу среќа успеа да остане непоразена на пријателскиот натпревар на домашен терен против Франција, што заврши 2-2. Гостите два пати стигнуваа до предност со головите на Лаказет, најпрвин на 1-1 израмни Тимо Вернер, а пораз буквално во последната минута спречи Стиндл.

Англија и Бразил на пријателскиот натпревар на „Вембли“ одиграа без погодоци. Англичаните настапија со крајно подмладен состав, но успеаја да одолеат на налетите на „кариоките“, за кои најголемата шанса ја пропушти Фернандињо, чиј удар заврши само во рамката од голот.

Белгија ја совлада Јапонија со 1-0 со голот во второто полувреме на Ромелу Лукаку, додека Австрија славеше над Уругвај со 2-1 со погодокот што го постигна Шлауб во 87. минута.

Се вчитува...