Гевгеличани не ги забораваат своите: Убав гест на Фантоми во чест на прерано починатиот Пенов

Навивачката група „Фантоми Север“ по завршувањето на денешниот натпревар помеѓу Кожув и Еуро Никел пред салата „26ти Април“ запали факели за својот миленик и прерано почит кошаркар на гевелискиот клуб, Иван Пенов.

„По завршувањето на денешниот натпревар на нашиот миленик Кк Кожув се упативме накај спортската сала 26ти Април. Таму за прв пат го истакнавме знамето со ликот на прерано починатиот наш млад талент Иван Пенов. Ти ветивме дека нема да те заборавиме и стоиме на тоа .Велат човек умира кога ќе го заборават сите ,тогаш ти ќе живееш ВЕЧНО…!
Северот вечно ќе те памти!!“ – стои во објавата на профилот на навивачката група.

По завршувањето на денешниот натпревар на нашиот миленик Кк Кожув се упативме накај спортската сала 26ти Април. Таму за…

Posted by Фантоми Север on Wednesday, March 24, 2021

Се вчитува...