Гинјард немилосрден кон домаќинот од Чаир, петти триумф на Работнички во низа

Екипата на Работнички ја продолжи победничката серија во домашното првенство, откако без проблеми го совладаа составот на Шкупи со резултат од 103-85 . Фантастичниот Маркус Гинјард го предводеше тимот од „Градски парк“ со , од кои 27 ги постигна во првото полувреме. Шкупи пак, за прв пат сезонава одигра првенствен натпревар во своја сала, откако претводните две средби во кои имаше улога на домаќин ги одиграа на терен од противниците (МЗТ Скопје и Блокотехна).

Работнички ја оправда улогата на фаворит, па за брзо време направија солидна предност. По 20 минути игра Шкупи се најде во негатива која во секоја измината минута беше се понедостижна. Гостите шутираа 8/16 (50%) за три поени во првото полувреме, за разликата изнесува +20 (57-37) во корист на составот на Докузоски.

Во продолжението Работнички константно ја зголемуваше предноста, тимот од Чаир немаше одговор за расположените Гинјард, Костов и Чековски. Шкупи сепак успеа да го освои последниот период со исход од 29-18 , но недоволно за било какво изненадување.

Маркус Гинјард го растури домашниот состав со фантастични 37 поени, Костов заврши со 27 поени, а искусниопт Чековски допринесе со 16 поени. Јозеф Тејлор најголемата закана за Работичнички, постигна импресивни 29 поени, а Тајрон Херис додаде 18 поени и 8 асистенции.

Се вчитува...