Гламурозна свадба на Лео Меси (фотогалерија)

Лионел Меси синоќа ја овековечи својата љубов кон Антонела Рокуцо со спектакуларна свадба што се одржа во луксузен хотел во градот Розарио.

Дел од големиот настан, од аргентинските медиуми опишан како „Свадба на столетието“, беа бројни сегашни и поранешни фудбалери на Барселона, како и членови на аргентинската репрезентација.

Вкупно беа поканети 260 гости, стотици полицајци се грижеа за нивната безбедност, а ангажирана беше е агенција за специјално обезбедување.

Свадбата мина беспрекорно, гостите уживаа во прекрасната атмосфера, а фотографите имаа полни раце работа со оглед на бројните фудбалски „фаци“ кои беа присутни, со своите поубави половини.

[new_royalslider id=”705″]

Се вчитува...