Главоболки за Зидан: Марсело еден месец „во аут“, ниту Крос не игра со Алавес

Зинедин Зидан не може да крене глава од проблеми, па така покрај негативата од седум бода во однос на Барселона тренерот на Реал Мадрид остана без уште еден клучен фудбалер.

Станува збор за Бразилецот Марсело, кој мораше да биде заменет во второто полувреме од дуелот со Бетис, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за истегнување од втор степен на мускулот, што значи и пауза од околу еден месец од фудбалските терени.

Зидан ќе нема класичен лев бек за дуелот со Алавес бидејќи покрај Марсело повреден е и Тео Хернандез, па оваа улога најверојатно ќе му припадне на Начо. Покрај двајцата леви дефанзивци, тренерот на Реал викендов нема да може да смета ниту на повредените: Крос, Бензема, Ковачиќ и Валјехо, додека Карвахал најверојатно ќе добие одмор бидејќи ги има одиграно сите натпревари досега од почетокот на сезонава.

Се вчитува...