Го бараа Челси и Интер, но Манолас замина во Русија

Мохамед Салах денеска е на лекарски прегледи во Ливерпул, а Рома се подготвува за продажба на уште еден стандарден првотимец. Станува збор за дефанзивецот Костас Манолас, кој е подготвен за заминување од „Олимпико“ и преселба во далечната Русија.

Зенит ќе биде новиот клуб на одличниот одбранбен фудбалер, откако раководството на овој клуб му ја исполни желбата на тренерот Роберто Манчини и ги договори условите на трансферот. „Волчицата“ ќе добие 30 милиони евра, плус евентуални десет милиони преку неколку клаузули, додека Манолас ќе потпише четиригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона.

Рома веќе го ангажираше Морено од ПСВ Ајндховен како замена за грчкиот репрезентативец. За Манолас во изминатите месеци се интересираа и Челси и Интер, но тој ги одби нивните понуди и реши да се пресели во Санкт Петербург.

Се вчитува...