Ѓоко Хаџиевски доби отказ во Хата

Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски си заминува од Хата, клубот кој го предводеше во изминатиот период во првенството на Обединетите Арапски Емирати. По минатата одлична сезона, Хата стартуваше со три порази во новото првенство, а раководството одлучи да се раздели со Ѓоко Хаџиевски и стручниот штаб кој беше исполнет со Македонци, Никола Аврамовски, Горазд Михајлов и Матија Мирков.

„Нашата епизода со Хата заврши. Сменети сме на почетокот од новото првенство. Вчера го одработивме последниот натпревар во Купот со големиот Ал Наср (0-0) во наша мнпгу добра игра. За причините нема да објаснувам, но сигурно не е нашето слабо работење. Брзо ќе ве информирам и за тоа мои драги пријатели. Прилогот со видеото е дел од нашата работа со Хата, прикажан на телевизија пред две недели“, објави Ѓоко Хаџиевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

hadzievski status hatta

Се вчитува...