Ѓоковиќ го изненади тенискиот свет: Ќе игра на турнирот во Акапулко

Помалку неочекувана вест доаѓа од Мексико, од организаторите на тенискиот турнир во Акапулко од каде информираат дека Србинот Новак Ѓоковиќ побарал и добил покана за настап.

Одлуката е неочекувано затоа што претходно српскиот тенисер објави дека негов следен турнир, прв по настапот на Дејвис купот против Русија, ќе биде Мастерсот во Индијан Велс.

novak print

Ѓоковиќ досега никогаш не играл во Акапулко, во тој термин секогаш настапуваше во Дубаи, турнирот кој го освои четири пати и кој никогаш не го пропушти од 2007 година.

Сега најголеми ривали за титулата ќе му бидат Рафаел Надал, Милош Раониќ, Марин Чилиќ и бранителот на трофејот Доминик Тием. Во Дубаи, пак, ќе настапат Енди Мареј, Роџер Федерер и Станислас Вавринка.

Се вчитува...