Ѓоковиќ: Има дупка на средина од Централниот терен, судијата се изненади кога ја виде - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55
Фудбал
16/11/2017 15:42

Ѓоковиќ: Има дупка на средина од Централниот терен, судијата се изненади кога ја виде

Ѓоковиќ: Има дупка на средина од Централниот терен, судијата се изненади кога ја виде

Новак Ѓоковиќ мора да биде задоволен од својот одличен настап досега на Вимблдон, откако српскиот ас ја мина и осминафиналната пречка без притоа да загуби ниту еден единствен сет. Тоа му дава самодоверба на Србинот пред клучните мечеви во битката за трофејот, но Ѓоковиќ јавно проговори за сериозниот проблем со терените на Вимблдон.

Не можам да поверувам колку е лоша состојбата на терените. Денеска играв на Централниот терен и на средина од игралиштето забележав дупка. Му кажав на судијата, а потоа кога му ја покажав многу се изненади. Сите тенисери го мислат истото, неверојатно е колку се лоши условите за игра. Знам дека луѓето од организацијата прават се, но тревата е најтешка подлога за одржување“ – изјави Ѓоковиќ.

Тој утре ќе го продолжи настапот на Вимблдон со четвртфиналната пресметка против Томаш Бердих.

Морам да сум задоволен бидејќи играм одлично на трева. Победив без загубен сет на турнирот во Истбурн, серијата ја продолжив и на Вимблдон. Знам дека најтешкото допрва претстои, но јас се чувствувам одлично и со право со оптимизам гледам на завршницата на овој гранслем турнир“ – истакнува Новак Ѓоковиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.