Ѓоковиќ има нов тренер, негов редовен „пациент“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има нов тренер во својот стручен штаб. Неодмана пензионираниот Радек Штепанек во следната година ќе му помага на поранешниот број 1 рекет во неговото враќање на терените.

39-годишниот екс-тенисер се пензионираше кон средината на ноември и прифати да му помогне на својот пријател Новак во неговиот кам-бек од повредата на лактото. Најголем успех во кариерата на Штепанек е пласманот на 8. место на АТП листата во 2006 година, како и Дејвис купот кој го освои во 2012 и 2013 година, додека настапи на повеќе од 400 натпревари на Гренд слем турнирите.

Штепанек во кариерата се пресметал 14 пати со Ѓоковиќ, а српскиот тенисер само еднаш во тие дуели излезе како поразен.

Се вчитува...